Синоќа во 23 часот во придружба на Итна медицинска помош и полицајци, на Детската клиника биле донесени две дечиња.
Тие биле оставени сами во возило.
Од Детската клиника информираат дека станува збор за машко дете кое имало 4 години и неговата сестричка на 7-годишна возраст.
На клиника биле донесени во свесна состојба, но многу уплашени.
Докторите велат дека децата биле лесно дехидрирани, со стабилни витални параметри. Задржани се на опсервација, а реализирани се сите потребни анализи.
Од клиниката информираат дека децата се прегледани, во добра состојба и за денес е планирано пуштање.
Дечињата биле во валкана облека, но не се утврдени знаци на насилство.
Од синоќа до моментов, со нив во болница е и нивната мајка.
По напуштањето на болницата, грижа за нив ќе превземат и социјалните служби.