вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На клиниките за Кардиохиругија и Урологија – уште една трансплантација на срце и бубрези од починат донор

На клиниките за Кардиохиругија и Урологија – уште една трансплантација на срце и бубрези од починат донор

Утрово, на клиниките за Кардиохиругија и Урологија започна трансплантација на срце и бубрези од починат донор.

Трансплантацијата на срце се врши кај пациент кој подолго време е на листата за трансплантација, а бубрезите ќе бидат трансплантирани кај двајца пациенти на 40 сетина години кои се на дијализа.

По интензивни подготовки во текот на ноќта, рано утрово беше завршена експлантацијата на срце и бубрези од починат донор, 42 годишната пациентка, чија последна желба била нејзините органи да бидат донирани.

Почнувајќи од мај 2020 до сега извршени се експлантации од 7 починати донори, а трансплантирани се 5 срца, 12 бубрега, 1 коскено ткиво.

Најнови вести