Секторот за внатрешни работи Тетово се изјасни за случајот со Ибин Емшиу, кој ги загуби таткото и братот во трагичниот пожар кој ја зафати модуларната болница во Тетово вечерта на 8 септември.
Ибин во медиумите изјави дека му се заканувале по изјавата што ја дал каде што покажува недостаток на медицински персонал во Модуларната болница и тешките услови кои ги имале пациентите
Од СВР Тетово велат дека денеска разговарале со Емшиу и дека тој им рекол дека не добил лични закани, туку со коментари на социјалните мрежи и дека видел порака залепена на неговиот автомобил на која пишувало „Внимавај“.
„Припадниците на тетовската полиција СВР Тетово утрово (13 септември) стапија во контакт и разговараа со И.Е. лице од Синичани, Тетово, за што е направена службена белешка, дека нема директна закана по неговиот живот, туку дека откако дал изјава за медиумите, тој наводно прочитал три коментари на социјалните мрежи за изјавата – внимавај што велиш и дека може да му се случи нешто. Покрај тоа, како што изјави денеска во полиција, на шофершајбната на неговиот автомобил на лист хартија на кој пишувало „внимавај“. Но, тој не ги зачувал коментарите од социјалните мрежи или листот. Тој, исто така, им рекол на полициските службеници дека никој не побарал пари во болницата, туку доброволно им ги дал на медицинскиот персонал, велат од МВР.
Во сведоштво на Емшиу Ибин, чиј брат и татко изгореа пред неговите очи во тетовската болница за Дојче Веле, тој изјави:
„Три лица досега ми се заканија: да не давам изјави, да внимавам затоа што ќе ме убијат! Јас би им кажал дека сум тука и нема да бегам никаде. Ако има такви луѓе без морал што можат да убијат невин човек кој го донел својот татко во болница за да се лечи, а го земал изгорен заради нивна грешка, јас сум тука”, вели Емшиу и додава дека, ако треба, правдата ќе ја бара и во Италија каде што живее.
„Шест дена седев таму. Барав помош за нега на брат ми затоа што е неподвижен. Од болницата ми рекоа дека немаат слободен човек кој би можел да ми помогне за да му ги менувам пелените. Јас имам свои здравствени проблеми, но бев во состојба да дадам пари за да се грижат за него, и ова го прифатија. Кога дојде работата да платам, тие прифатија да помогнат. Платив за да ми помагаат два пати дневно.” Сумата која му ја побарале била 1.000 денари дневно, тврди Емшиу.
Toj пред камерите на Дојче Веле истакна дека нe верува дека имало само 14 луѓе изгорени во болницата.
Само неколку дена пред катастрофата доктор Артан Першовце им соопштил на фамилиите на болните дека има наредба да се затвори модуларната бoлница.