четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

НА ОВОЈ ГРАНИЧЕН ПРЕМИН СЕ ЧЕКА РЕКОРДНИ 6 ЧАСА – за два дена поминале вкупно 35.000 патници, хаосот вечерва уште поголем! (ВИДЕО)

НА ОВОЈ ГРАНИЧЕН ПРЕМИН СЕ ЧЕКА РЕКОРДНИ 6 ЧАСА – за два дена поминале вкупно 35.000 патници, хаосот вечерва уште поголем! (ВИДЕО)
фото: Архива, Алсат

Револт кај патниците, кои ги чека долг пат од најмалку илјада километри до нивните домашни адреси откако поминале празници во родната Македонија. Оние кои патуваат со автобус, тврдат дека на ГП Табановце се чека до 6 часа, додека со автомобил ако имате среќа се поминува за три часа, пренесува Алсат.

Од друга страна, граничната полиција известува дека за два дена евидентиран е рекорден број на влезови и излези во земјава.

„Според податоците на граничната полиција, во текот на вчерашниот и денешниот ден, на граничниот премин Табановце поминале вкупно 35.833 патници, од кои 30.119 излегле, а 5.714 влегле во Република Северна Македонија”, велат од Министерство за внатрешни работи.

Инаку во моментов каква е состојбата на сите гранични премини, особено на Табановце можете да погледнете ТУКА.

Најнови вести