петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

НА РЕКЕТОТ МУ НЕМА КРАЈ: „Македонија ја тресе политички земјотрес, јавноста се прашува зошто Могерини молчи, ЕУ веднаш да реагира“

НА РЕКЕТОТ МУ НЕМА КРАЈ: „Македонија ја тресе политички земјотрес, јавноста се прашува зошто Могерини молчи, ЕУ веднаш да реагира“

По изнудувањето Рекет што овие денови го тресе Скопје целата Европска Унија е на нозе, а вчера германскиот делегат Дорис Пак побара да интервенира Европската Унија, вака денеска го почнува својот текст италијанскиот новинар Ларис Гајсер во весникот „Ла Верита“.

Објавувањето на аудио и видео снимките три дена по ред од страна на италијанскиот весник открива учество во разговорите за Рекетот од страна на специјалниот обвинител Катица Јанева, но и премиерот Зоран Заев, а ова прерасна во вистински политички земјотрес во Македонија, пишува весникот.

Македонците се горди луѓе целосно обесхрабрени од корупцијата кои страдаат уште повеќе кога гледаат дека оваа состојба ја поддржува Европската Унија.

Треба да се има на ум дека Жан Клод Јункер и Фредерика Могерини беа силни во намерата да се формира СЈО, а токму овој скандал предизвика внатрешни и надворешни тензии, наведува весникот.

И додека Дорис Пак вчера бараше ЕУ да реагира, јавноста се прашува како Могерини  може да молчи пред криминалната реалност откриена со три видео снимки на сајтот на вистината, пишува весникот.

Најнови вести