недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На само две недели пред стартот на учебната година МОН и Владата се уште неподготвени

На само две недели пред стартот на учебната година МОН и Владата се уште неподготвени

Иако старо-новата Влада и Министерството за образование имаа шест месеци да изнајдат начин за тоа како ќе се оддржува наставата во училиштата во отсуство на модел и конкретни решенија го одложија почетокот на учебната година за еден месец. Но и покрај одлагањето за да се купи време и најавите дека ќе има платформа за онлајн настава, и на две недели од почетокот на учебната година нема н и трага ни глас од тоа како би изгледала таа платформа.

Експертите за оваа проблематика не се оптимисти дека МОН ќе успее да изнајде правилно решение за оддржување на наставата. Тие сметаат дека грешката е во тоа што МОН навреме не ја сфати потребата од нов модел за настава, иако од самиот почеток на пандемијата беше јасно дека ќе биде потребно такво нешто.

Од Министерствотоза образование и наука и понатаму продолжуваат да убедуват дека пилот верзијата од платформата за онлајн настава е готова, но и да е така, тука се поставуваат повеќе прашања за тоа дали таа ќе биде применлива и дали ќе има време до почетокот на годината истата да се усовршува и прилагодува на потребите на учениците и наставниците. Друго прашање кое се наметнува е тоа дали за користење на истата ќе треба да се обучуваат наставниците и учениците и колку време останува за надминување на оваа процедура.

Согледувајќи ја ваквата ситуација некои приватни и државни училишта самите си направија модел и обезбедија платформи за онлајн настава само за да не доцнат со почетокот на новата учебна година.

Останува и дилемата, која е резултат не неодговорноста, и за која никој нема одговор е тоа како родителите на децата од прво, второ и трето одделение, чии часови ќе бидат до 10.30 или 11.00 часот, кој после ќе преземе грижа за тие деца, бидејќи родителите се на работа.

За разлика од хаосот кој владее во Македонија и неорганизираноста на владата и Министерството за образование во Европа училиштата започнаа да стартуваат со работа, но со строги мерки и почитување на истите.

Учениците и студентите поседуваат заштитни маски, соодветни средства за дезинфекција, растојание и пред се заштита на своето здравје.

 

Овие денови училишната година започна во многу европски земји од кои и во Велика Британија, Германија и Франција.

За пример во Франција вчера учебната година ја започнаа околу 12,4 милиони ученици кои со училишните торби и заштитните маски седнаа на своите училишни клупи.

Еден од родителите на децата во Франција за медиумите изјавил дека треба само да се почитуваат правилата поставени од системот и нема место за паника.

Овие земји се само уште еден доказ дека во Македонија поради неработење на системот на само две недели од стартот на учебната година, најмногу ќе настрадаат учениците.

Најнови вести