недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На СДСМ им пречеше изградбата на Бошков Мост и Луково Поле, а не им пречи трасата на гасоводот на Водно

На СДСМ им пречеше изградбата на Бошков Мост и Луково Поле, а не им пречи трасата на гасоводот на Водно

СДСМ во опозиција спречуваше енергетски проекти, а сега од позиција на власт нема никаков проблем со изградбата на гасовод на падините на Водно.

Владата ја објави нејзината одлука гасоводот да мине низ Парк шума Водно, донесена на владина седница, се вели во соопштението од еколошките здруженија и граѓански иницијативи кои се противат на изградбата со објаснување дека тоа ќе го наруши биодиверзитетот.

Само за потсетување, СДСМ се противеше на изградбата на капиталните инвестиции Луково Поле и Бошков мост со објаснување дека тоа ќе ги загрозело еколошкиот систем како и неколку животински видови и ендемски пеперутки. Сега ништо не може да ги спречи багерите да ја пробиваат трасата и да уништуваат дрва на тој потег.

Тема на една од дебатите пред владата кои ги организираа во 2015-та година беше како да се спречи изградбата на планираниот хидросистем Луково Поле и ХЕЦ Бошков Мост.

Од граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ апелираа Владата да го стопира издаденото одобрение за градба, да се изработи нова оценка на влијанието на изведбата на гасоводната делница врз животната средина во заштитената парк шума Водно и да се промени изборот на трасата.

– За се друго, ќе сметаме дека Владата донела некое решение, со кое под притисок ги игнорираат одредени засегнати страни. Еднострано одлучуваат да продолжат, а со тоа најмногу ќе бидат засегнати граѓаните, изјави Татијана Стојановска, од граѓанската иницијатива.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев застана во одбрана на оваа градба.

Тој вели дека магистралниот гасовод низ Водно има регуларна градежна дозвола и за негова изградба државата има земено кредит и потпишано договори со изведувачи.

-Станува збор за проект среде имплементација и секоја промена ќе значи одолжување на градбата на гасоводот и дополнително сечење на шума за греење на граѓаните. Одложувањето на изградбата на гасоводот ќе значи граѓаните да немаат алтернатива и понатаму да се греат на дрва или со други ресурси за огрев што се еколошки понеповолни и предизвикуваат поголемо нарушување на животната средина, вели Анѓушев.

Браната Луково поле требаше да  чини 62 милиони евра, од кои 50-тина милиони евратребаше да се обезбедат преку кредит од Светска банка, а останатиот дел од ЕЛЕМ.

Хидроцентралата ќе обезбеди собирање на вода од корапското подрачје за производство на 125 гигават часови енергија. За да се изгради браната, мора да се изгради и нов пат низ паркот.

Хидроцентралата Бошков мост ќе се гради во близина на Дебар при што ќе бидат искористени водите на реката Мала река и нејзините притоки. Браната ќе произведува 107 гигават часови енергија. Инвестицијата за ХЕЦ Бошков мост изнесува 107 милиони евра, од кои 65 милиони евра се од ЕБОР.

 

Најнови вести