понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На скопскиот аеродром утре ќе слета првиот авион од Софија

На скопскиот аеродром утре ќе слета првиот авион од Софија

На Меѓународниот аеродром Скопје утре во 09.40 ќе слета авионот од Софија на авиокомпанијата „Гуливер“, со што ќе се реализира првиот лет на таа релација.

Со авионот во Скопје ќе пристигнат македонска и бугарска делегација предводени од министерот за транспорт Благој Бочварски и неговиот бугарски колега, како и туроператори од двете држави. Активностите ќе продолжат со состанок во Клубот на пратениците на кој треба да се разгледаат можностите и да се дефинирани деталите околу идното сообраќање на авиолинијата, која, според најавите, треба да биде редовна од следниот месец. Воедно треба да се утврдат и туристички пакети коишто ќе помогнат да се зголеми бројот на меѓусебните посети на туристи од двете држави.

Пред утрешниот лет денеска во Софија заседава меѓуресорската работна група за соработка во областа на инфраструктурата, транспортот и поврзувањето. Покрај Бочварски и Шабев учествуваат и министерот за локална самоуправа Горан Милевски, како и бугарските вицепремиер и министер за регионален развој и јавни работи Гроздан Караџов, и за енергетика Александар Николов. На состанокот се разгледуваат прашања од заеднички интерес во делот на патниот сообраќај, транспортната поврзаност и дигитализацијата.

Најнови вести