недела, 28. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

На „Табановце“ се чека 15 минути, нема подолги задржувања на другите граници

На „Табановце“ се чека 15 минути, нема подолги задржувања на другите граници

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Табановце, за излез од државата се чека околу 15 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести