сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На „Табановце“ за излез се чека до еден час, а на „Богородица“ околу 30 минути

На „Табановце“ за излез се чека до еден час, а на „Богородица“ околу 30 минути

На граничниот премин „Табановце“ за излез од државата чекањето е околу 40 до 60 минути, а на граничниот премин „Богородица“ за излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управувањ е со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести