петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На „Табановце“ за влез и излез од државата се чека половина час

На „Табановце“ за влез и излез од државата се чека половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, со умерен интензитетот на патните правци надвор од градските средини.

На Граничниот премин „Табановце“ времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести