недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На Табановце за влез и за излез од државата се чека половина час, еве по колку време се чека на останатите премини

На Табановце за влез и за излез од државата се чека половина час, еве по колку време се чека на останатите премини

На граничниот премин Табановце за влез и за излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести