сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На Табановце за влез во Македонија се чека 40 минути, на Богородица за излез до 30 минути

На Табановце за влез во Македонија се чека 40 минути, на Богородица за излез до 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 40 минути, а на граничниот премин Богородица за излез се чека околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести