понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На татко му на Боки 13 ќе му се суди за физички напад

На татко му на Боки 13 ќе му се суди за физички напад

На Миле Јовановски, официјалниот сопственик на 1ТВ и татко на Боки 13, наскоро ќе му се суди за напад на свештеникот Виктор Стојчев, објави Фокус.

Првото судско рочиште е закажано за 21 октомври во Кривичниот суд, кога Јовановски ќе треба да седне на обвинителна клупа, каде што ќе му се суди за кривичното дело „Тешка телесна повреда“ од член 131 став 1 од Кривичниот Законик.

Според објавите во дел од медиумите нападот на свештеникот се случил на 7 јануари 2017 година, по што Стојчев поднел кривична пријава против Јовановски. Дел од мениумите објавија и снимка.

Најнови вести