недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На Вилма и се може: Русковска без казна и покрај заканите кон судија, адвокати плаќаат казни и ако се насмеат

На Вилма и се може: Русковска без казна и покрај заканите кон судија, адвокати плаќаат казни и ако се насмеат

Во Македонија преку судството и обвинителството се  испраќаат пораки против сите политички не истомисленици на власта кои доколку се обидат да и застанат на патот,  во истиот момент ќе станат жртва на политичкиот прогон кој го спроведуваат преку партизираното „Кацарска судство“.

Македонија е единствената држава во Европа во која  обвинители се прислушувани и тоа е само уште еден доказ дека во Македонија не постои владеење на правото и правна држава туку напротив  сето тоа е одраз на заробена држава и  заробени институции.

За партиското и клиентелистичко судство и обвинителство не важат докази, ниту аргументи, туку слепо спроведуваат политички нарачки . Правната држава и демократијата во земјава не постојат, а заробените институции целосно се во служба на власта и Зоран Заев кои без срамно нанесуваат огромни штети врз судската власт и врз владеењето на правото во  Република Македонија.

Во Македонија наместо да се почитува презумција на невиност и да им се овозможат неопходните  услови на адвокатите и обвинетите во постапките да се бранат се случува апсурдна ситуација каде што многу често и адвокатите на обвинетите се казнуваат.

Постојат многу случаи каде што адвокатите се казнувани, а еден од тие е и предметот каде што судијката Кацарска ги казни со по илјада евра  и ги отстрани од судницата 50- тината адвокати на обвинетите за нападот во собранието, причината за оваа казна на адвокатите е тоа дека се побуниле поради не обезбедени технички услови за работа во салата на старата зграда во Кривичниот суд.

Исто така и неодамна и адвокатот  Мерџан Даути за претметот „ТНТ“  заврши пред  дисциплински обвинител  во адвокатската комора, поради тоа што Судијата Огнен Ставрев, кој го води судењето за предметот „ТНТ“ за уривањето на „Космос“ на Фијат Цаноски од политичка одмазда, поднел дисциплинска постапка против ново најмениот адвокат во случајот Мерџан Даути, под сомневање дека сака да го одолговлечи судењето со тоа што бара да му се преведат сите списи од двегодишното судење и да ја злоупотреби службената положба како адвокат.

Македонија никогаш  не била во поголема правна провалија од денес. Судството  и Овинителството служат за спроведување на монтирани случаи, политички прогон, и политички нарачки.

Денес во Македонија ниту правда има ниту пак правдина. Постои само селективна правда  и партизирано судство каде што премиерот на државата однапред јавно најавува пресуди , отворање на кривични постапки , кој и за колку дена излегува од притвор  и кој колкава пресуда ќе добие.

Последниот таков циркус после рушењето на митот за СЈО и Катица Јанева се меѓусебните обвинувања на Обвинителката Русковска и судиите, па се до таму каде Апелациониот суд ја пријавува обвинителаката Русковска во полиција за закани до судиите. Овој циркус и правен хаос кој што постои во македонското Кацарска судство и Рускоска Овинителство мора да заврши се со цел граѓаните повторно да имаат верба во правосудниот систем. На патот кон ЕУ неопходна е обнова на судската власт, неопходна е  демократизација и владеење на правото.

Во таа насока, адвокатот Јанаки Митровски, изјави дека :

– Сега за прв пат јас во мојата 10 годишна кариера слушам дека судот сфатил дека обвинителот е странка во постапката, а не да биде доминантна фигура која што ќе го диктира темпото на постапката. Така да сите препукувања не се добри, мене ми се колеги и обвинителот и судскиот совет, луѓе кои што навистина ги почитувам и затоа сметам дека се непотребни ваков тип на препукувања.

Најнови вести