вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На заминување: Заев средил тендер за од септември 2020-та личните документи да бидат со променето име на државата!

Прашањето е зошто никој не ја извести макеоднската јавност за милионскиот тендер и најавата за промена на името на државата од септември, особено што се позивесно е дека тогаш ќе имамедруга влада на Илинденска бр.2. Дали ова е кукавичјо положување и местенка со врели костени со кои треба да се справува следната Влада?
На заминување: Заев средил тендер за од септември 2020-та личните документи да бидат со променето име на државата!

Лични карти и пасоши на македонските граѓани со сменетото име РС Македонија ќе почне да им бидат издавани од септември оваа годинава.

Ова, од свои извори од МВР, го објави порталот МКД. Како што е објавено од цитираните извори, на 5 декември 2019 година била склучена рамковна спогодба, а на 11 декември и договор-нарачка склучен меѓу МВР и и Veridos GmBH Berlin – Германија за испорака на обрасци за лични документи на македонските граѓани со сменето име на државата. Договорот за кој се молчеше се до неговото обзнанување пред неколку дена, е склучен на неполн месец пред формирањето на Техничката влада. Сега, договорот и неговото склучување го правда доплнителната заменик-минситерка во МВР, Славјанка Петрова, која постојано е на браникот ан интересите на СДСМ во министерството.

Прашањето е зошто никој не ја извести макеоднската јавност за милионскиот тендер и најавата за промена на името на државата од септември, особено што се позивесно е дека тогаш ќе имамедруга влада на Илинденска бр.2. Дали ова е кукавичјо положување и местенка со врели костени со кои треба да се справува следната Влада?

Инаку, како што велат информациите на МКД.мк, до септември 2020, кога ќе почне издавањето на лични документи со променетото име на Република Македонија, граѓаните ќе добиваат документи со Република Македонија кои ќе треба да се заменат најдоцна до 2024 година, наместо важноста од 10 години.

Најнови вести