четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нацев: Безбедносниот сектор е компромитиран и треба да се ревидира!

Нацев: Безбедносниот сектор е компромитиран и треба да се ревидира!

Доцнежното препознавање на кризата со Ковид-19 доведе до негативни последици по општеството. За безбедносниот систем во услови на пандемија и техничка влада во вечерашната емисија “Што не е јасно” на Алфа телевизија говореше универзитетскиот професор Александар Нацев.

Тој  истакна дека кризата со Ковид-19 требаше да се третира од страна на власта како безбедносен проблем. Тоа е така, бидејќи сите стратешки национални документи на Македонија и сите законски акти кои што ги уредуваат Институциите кои се дел од безбедносниот сектор, имаат тотален легитимитет да дејствуваат во однос на пандемии, епидемии или заразни болести од ваков вид.

-Тоа може да се види во стратешките национални документи за национална безбедност и одбрана, но и во законските акти кои што ги третираат разузнавачките служби. Факт е дека нашиот безбедносен систем не ја предвиде и на ја сфати озбилно кризата уште на самиот почеток. Бидејќи тоа беше и првичниот наш проблем, нашето доцнежно препознавање на кризата. Значи системот за детекција затаи. Ако рано го детектиравме проблемот верувам дека нашето општество е доволно способно да превземе одредени мерки за да се справи со пандемијата и да ги намали евентуалните негативни последици по општеството, дециден е Нацев.

Најнови вести