сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нацев: Дегутантно е за работата на Владата топката да се префрла кај опозицијата, цел на тој скрининг е токму власта и практиките кои што таа власт ги практикува

Нацев: Дегутантно е за работата на Владата топката да се префрла кај опозицијата, цел на тој скрининг е токму власта и практиките кои што таа власт ги практикува

Универзитетскиот професор по одбрана и безбедност, Александар Нацев во своето вчершно гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија во врска со ЕУ извештајот истакна дека дегутантно е за работата на Владата топката да се префрла кај опозицијата, бидејќи како што вели цел на тој скрининг е токму власта и практиките кои што таа власт ги практикува преку своето владеење.

-Чудна му е констатацијата на премиерот, бидејќи како што знаеме цел на тој скрининг е токму власта и практиките кои што таа власт ги практикува преку своето владеење, преку своите функционери, преку својот начин на управување со буџетот, со економијата, со државата и т.н. Преку оние сите работи што ги прочитавме во извештајот тој најде да се фати за опозицијата и да го извлече како заклучок од овој цел извештај. Мислам дека е малку дегутантно и можеби некој политички му има смислено да избегне дговорност од она што го прави владата и да ја префрли топката кај опозицијата. Секој граѓанин кој што размислува критички, кој знае да седне да прочита и да види каква е ситуацијата ќе му стане јасно дека станува збор за префрлање на топката од една страна на друга и да неречам одбивање за сочување со реалноста која што во моментов ја гледаме во нашата држава, истакна Нацев.

Нацев во своето гостување говореше за состојбите во АНБ, МВР, АР, ДБКИ, НАТО и други институции, а целото негово гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ можете да го погледнете во продолжение:

Најнови вести