четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нацев: Македонски офицер вратен од мисија на КФОР поради немање безбедносен сертификат, од МО не ги сваќаат сериозно безбедносните процедури и регулативи

Нацев: Македонски офицер вратен од мисија на КФОР поради немање безбедносен сертификат, од МО не ги сваќаат сериозно безбедносните процедури и регулативи

Македонски офицер вратен од мисија на КФОР поради немање безбедносен сертификат, од МО не ги сваќаат сериозно безбедносните процедури и регулативи, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук универзитетскиот по одбрана и Безбедност, Александар Нацев. Нацев и претходно реагираше дека од страна на Министерството не се почитуваат сите процедури и дека на вакви мисии се испраќаат и луѓе блиски до власта кои што не ги исполнуваат условите.

-Во еден мој пост пред подолго време (линк до постот во коментари), јавно ги изложив моите сознанија и критики за компромитираноста на процесот на упатување припадници од АРМ на мировни мисии надвор од Република Македонија, односно упатување на лица кои не ги исполнуваат условите за упатување, конкретно поврзано со безбедносните сертификати.

Добив таков жесток одговор од тогашната министерка и нејзиниот тим, кој беше исполнет со лични навреди и омаловажување (за што водам и постапка пред надлежен суд против Министерството за одбрана), дека зборувам невистини и слично.

Но, еве денес дознаваме дека ни вратиле офицер од мисијата КФОР, затоа што немал безбедносен сертификат, што претставува сериозен пропуст на Воената служба за безбедност и разузнавање, и го руши угледот и на Министерството за одбрана, а меѓународно и на државата.

Со ваквите постапки, минатото, но и моменталното раководство во Министерството за одбрана само докажува дека и покрај тоа што секој втор збор им е „НАТО“, „интеграција“ и слично, никој не ги сфаќа сериозно безбедносните процедури и регулативи, и мислат дека можат да прават што сакаат при упатување, унапредување и школување.

Ама очигледно не е така, и очекувам остра реакција од безбедносните служби на НАТО за ваквите аматерски потези од страна на нашето Министерство, пишува Нацев во својата објава на Фесбук.

Најнови вести