Универзитетскиот професор од областа на безбедноста, Александар Нацев со поддршка за поранешните припадници на Армијата на Република Македонија кои беа
изманипулирани од страна на раководните лица на Министерството за одбрана.
-Поддршка за поранешните припадници на Армијата на Република Македонија кои јавно на прес конференција обвинија дека се изманипулирани од страна на раководните лица на Министерството за одбрана, и објавија дека иако им било ветено прераспределување во други институции со повисока плата и бенефиции, тие сепак останале на недостоинствени позиции со минимална плата.
Припадниците на АРМ (минати, сегашни и идни) се нашите херои и чувари на Татковината, и не заслужуваат ваков потценувачки однос од страна на Министерството кое треба да се бори за нив, а не да ги лаже и манипулира, пишува во својата објава со поддршка за поранешните припадници на АРМ Нацев.
Инаку, вчера на прес-конференција поранешни војници со наполнети 45 години обвинуваја дека се изманипулирани од страна на Министерството за одбрана, и дека иако им било ветено прераспределување во други институции со повисока плата и бенефиции, тие, како што тврдат, останале на недостоинствени позиции со минимална плата.
Исто така, велат дека доколку не се реши во најбрзо време нивниот статус, ќе бидат приморани да излезат на протести.