Ние како држава не успеавме нашите национални стратешки интереси да ги зачуваме, тоа го гледаме сега и во преговорите со Бугарија која се однесува тотално да речеме нерационално и гледаме секакво отсуство на реципроцитет во моменталните преговори кои што ние ги имаме со Бугарија, истакна денеска во своето гостување во утринската емисија „Добро утро, секое утро“ на Алфа телевизија универзитетскиот професор Александар Нацев.
Понатаму Нацев вели дека преговорите со Бугарија ги водиме на ист егзебионистички начин како со Грција, од кои можеме да го добибиеме најлошиот можен договор.
-Несомнено е дека Бугарија ќе ја искористи својата позиција која што ја има како членка на НАТО и својата подобра меѓународна положба да проба да ги истурка своите национални стратешки интереси, дури да избори и промена на Устав во Република Македонија. Од друга страна, тотално игноријајќи го фактот дека таму, на бугарска територија живеат огромен број на лица со македонско потекло и одбивањето да ги признае нив и од друга страна силниот притисок кој што се прави врз нас, ние да мора да признаеме одредено малцинство ги надминува тие добри меѓународни норми на добри односи, но пак ќе повторам никој не ни е крив, ние во таква подредена положба, затоа ние не успеавме да се избориме за националните стратешки интереси. Ги водиме преговорите на истиот егзебионистички начин на кој што ги водевме преговорите со Грција и за мене не претставува никакво изненадување што Бугарија ги користи сите елементи и и можности на моќ кои што ги има во своите раце, за во тие таканаречени преговори на крај ги добие сите свои барања, а ние повторно да останеме како поразена страна во тие преговори, бидејќи кога немате црвени лини и одите на преговори, нормално ќе го добиете најлошиот можен договор кој што може да го добиете. Тоа се случи еднаш, да видиме дали ќе се случи по втор пат, рече Нацев.
Гостувањето на Нацев можете да го погледните во продолжение од 02:11 минута: