понеделник, 26. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Нацев: Непрофесионалното управување со Министерството за одбрана резултира со нарушување на безбедносните протоколи и процедури

Нацев: Непрофесионалното управување со Министерството за одбрана резултира со нарушување на безбедносните протоколи и процедури

Епидемиите, пандемиите, се на исто ниво, да речеме, со терористички напади или воени агресии од надвор. И воената агресија од надвор е безбедносна закана исто како пандемјата, изјави универзитетскиот професор д-р Александар Нацев во „Што не е јасно” на Алфа телевизија.

-И сега за мене е несфатливо како тој што требал прв да предупреди и да го стисне црвеното копче дека нешто се случува, не успеал да види ништо од тоа. Не знам што прави тогаш Националната безбедност. Министерството за одбрана има своја служба. Агенцијата за национална безбедност, за разузнавање тие сите се дел од безбедносниот систем и можат да бидат повикани да присуствуваат на советот за национална безбедност. И таму треба да се разменат тие информации и да се направи одредена стратегија како ќе се дејствува. Ние во тие први денови со пандемијата видовме тотална некоординираност, дури и претседателот за Национална безбедност излагаше со конфузни изјави од типот имаме или немаме ресурси или можам или не можам да прогласам вонредна состојба. Имаше една какафонија од нелогични изјави. И затоа најголем број од мерките беа обичен популизам и пи-ар. Монтираа мобилна болница само за да се сликаат, изјави универзитетскиот професор  Нацев.

Најнови вести