Денес, во организација на УМС на ВМРО ДПМНЕ Пробиштип се одржа трибина на тема „Безбедно општество-сигурна иднина“.
На трибината зборуваше универзитетскиот професор Александар Нацев, која даде свој осврт на современите безбедносни трендови и ризиците и закани со кои се соочува безбедносно-одбранбениот систем на Република Македонија.
Меѓу другото, тој рече дека безбедносните предизвици постојано еволуираат и дека е потребна изградба на цврст и професионален безбедносен систем кој ќе може да одговори на овие предизвици.
Во неговото излагање тој истакна дека е потребно поимање на безбедноста и на локално и на нацинално ниво, но и на меѓународно преку учеството во колективните системи за безбедност.
Трибината предизвика голем интерес, а на крајот се разви и дискусија со присутните гости, на која исто така беа опфатени неколку интересни теми од областа на безбедноста и одбраната.