петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нацев: Пред избори нов оглас за прием на 70 професионални војници, кого лаже Шеќеринска?

Нацев: Пред избори нов оглас за прием на 70 професионални војници, кого лаже Шеќеринска?

Професорот по одбрамбени студии и безбедност, Александар Нацев на социјалните мрежи со низа критики кон министерката за одбрана Радмила Шеќериснка, во врска со новиот објавен оглас за прием на 70 нови професионални војници обвини за предизборен поткуп на изборите во април.

Тој истакна дека со новиот закон за Законот за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија за овој конкурс и прием важат нови правила согласно:

“Членот 36 се менува и гласи:

(1) За професионален војник на служба во Армијата по пат на јавен оглас се прима лице кое покрај општите услови од членот 31 од овој закон, ги исполнува и следниве посебни услови:
– да има завршено средно образование и
– да не е постар од 25 години на денот на завршување на рокот за пријавување на огласот за прием на професионални војници.
(2) Со лицето од ставот (1) на овој член, Министерството за одбрана склучува договор за работа во траење од три месеци, во кој период влегува основна војничка обука, а по чие успешно завршување со лицето се склучува договор за работа од четири години.
(3) За времетраење на основната војничка обука, лицето кое е примено како професионален војник на служба во Армијата ги остварува сите права и обврски од работен однос согласно со овој закон”.
„И тука настанува проблемот и излегува на виделина уште една лага на СДСМ, односно на министерката Шеќеринска. Имено во точките на огласот стои дека:
“1. За прием на 70 (седумдесет) професионални војници на служба во Армијата на Република Македонија (во натамошниот текст: Армијата) за работа на определено работно време со договор за вработување во времетраење од 4 (четири) години со можност за негово продолжување повеќе пати, но најмногу до навршување на 45 години возраст по избор согласно закон” и
“9. Со избраните кандидати ќе се склучи договор за работа на определено време со времетраење на договорот од 4 (четири) години, согласно точка 1 од овој оглас”.
Но, Министерството за одбрана не може да склучи договор на четири години пред со кандидатите да склучи договор на три месеци во кои кандидатите ќе ја изведуваат основната војничка обука, по чие успешно завршување (доколку ја завршат) ќе може да се склучи договор од четири години.

Зошто манипулира министерката Шеќеринска? Дали сите 70 кандидати ќе ја поминат основната војничка обука? Дали веќе се знаат кандидатите кои ќе конкурираат и ќе бидат примени? Дали е ова само уште еден од многуте начини за поткуп на гласачкото тело во пресрет на априлските избори?“, напиша Нацев.

Најнови вести