петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нацев: Промените кои се предвидени во најновиот Предлог Закон за служба во Армијата дополнително ја уништуваат и дерогираат и така кревката улога на Армијата

Нацев: Промените кои се предвидени во најновиот Предлог Закон за служба во Армијата дополнително ја уништуваат и дерогираат и така кревката улога на Армијата

Промените кои се предвидени во најновиот Предлог Закон за служба во Армијата на Република Македонија дополнително ја уништуваат и дерогираат и така кревката улога на Армијата и водат кон тотална политизација на воената професија, со што се остава многу простор за злоупотреби, манипулации и партиски пресметки, ова преку свој статус на Фејсбук го истакнува професорот Александар Нацев.

Тој додава дека имено, како никогаш до сега, му се даваат огромни овластувања на министерот за одбрана, на сметка на овластувањата на Началникот на Генералштаб и на останатите високи офицери.

-Според новите законски одредби, министерката за одбрана сака максимално да си ги прошири своите ингеренции, со тоа што ќе има во суштина поголеми овластувањата од Началникот на Генералштаб. Според новиот закон, министерката ќе може да поставува и лица со чин понизок од предвиденото (на пример потполковник) на места за кои е предвиден чин полковник, со што всушност му се одзема уште една ингеренција на Началникот на Генералштабот во водењето на кадровската политика (ваквата промена доаѓа во момент кога со новата формација многу поголем број на формациски места во Генералштабот се предвидува да се пополнат со офицери со чин полковник, што значи дека министерот за одбрана ќе му ги одредува најголемиот број на старешини на Началникот на Генералштаб). Да биде работата уште пострашна, ваквата ситуација ќе се однесува и на поставувањето на старешини во командните структури во НАТО, со што министерката ќе ја има во потполност целата ингеренција и над воениот дел во НАТО. Се поставува прашање дали министерката за одбрана како партиска личност (и заменик претседател на СДСМ) на овој начин не навлегува длабоко и во командувањето со Армијата на Република Македонија, при што се зголемува и можноста за кадровско манипулирање и партиски пресметки, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Најнови вести