среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нацев: Се отвара простор за дебата и сомнеж дека изборот на моделот има некои задни намери

Со новиот закон за комуникации, државните безбедносни служби ке можат без налог од судија, со следење да влезат во приватноста на секое лице.
Нацев: Се отвара простор за дебата и сомнеж дека изборот на моделот има некои задни намери

Со новиот закон за комуникации, државните безбедносни служби ке можат без налог од судија, со следење да влезат во приватноста на секое лице. Право за тоа ке имаат доколку лицето е  осомничено за тероризам или други тешки кривичи дела. Со тоа е оставен простор за крупни манипулации и злоупотреби на системот, како што се 36те луѓе осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок поврзано со настаните од 27-ми април и сето тоа заради политички реваншизам. На оваа тема говореше аналитичарот и поранешен директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, Александар Нацев. Тој во емисијата „Несомнено“ на телевизија Алфа потенцираше дека најавуваните реформи од новата власт всушнот и не се реални и според барањата на Прибе.

-Изборот беше направен, законите беа донесени  и потоа оправдувањето зошто сето тоа е направено дека тоа е според препораките на ПРИБЕ. Сите оние што го оправдуваат начинот  на избор на моделот и тврдат дека е според ПРИБЕ а всушност не е. И првиот и вториот извештај на Прибе јасно наведуваат дека од УбК треба да  остане посредничката финкција. И дека не треба да има пристап до истрагите на другите овластени органи, меѓутоа тоа пак останува исто. Само што сега тоа ќе го прави ОТА. ОТА ќе има пристап и нема да се обезбеди автономија на сите други овластени органи и следење на комуникација се ке оди преку ОТА. Вториот дел којшто не се совпаѓа со ПРИБЕ е дека кривичните и безбедносните истраги требаше да бидат поделени. Во постоечките закони повторно се е кај ОТА. Третата најголема а можеби и тоа е и првата која требаше да ја споменеме е дека препораките на ПРИБЕ јасно наведуваат дека опремата треба да биде кај телекомуникациските оператори што повторно не е случај. Сега целата опрема ке заврши пак во ОТА. Се отвара простор за дебата и сомнеж дека изборот на моделот има некои задни намери, истакна Нацев.

Најнови вести