понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Нацев: Власта праќа инспекции за да ме замолчат, нема да успеат

Нацев: Власта праќа инспекции за да ме замолчат, нема да успеат

Професорот Александар Нацев, на својот Фејсбук профил, откри дека инспектори од МВР ја посетиле Дирекцијата за безбедност на класифицирани инфорамции со цел да утврдат евендуални „финансиски неправилности“ во неговиот мандат.

Нацев кој порано бил директор на ДБКИ кажа дека не е првпат инспекторите да „чешлаат” што било правено во неговиот мандат и порача дека со овие активности нема да го заплашат, ниту уценат и замолчат.

-Цензурата на режисерите, прогонот на уметниците, хајката врз политичките противници сега само се надополнува и со обидот за оцрнување на сите критички настроени експерти кон безбедносната заедница. После цели 4 (четири) мои колумни во кои дадов критички осврт на уназадувањето на состојбите во одбраната и застојот на реформите во безбедносниот сектор, пред два дена, на посета во ДБКИ, институцијата во која порано бев директор, на посета биле инспектори од МВР со цел да утврдат „финансиски неправилности“ во мојот мандат. Ова е вторпат како го прават ова, со цел да ме заплашат,уценат и замолчат. Нема да успеат… – напиша Нацев на Фејсбук.

 

Најнови вести