сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нацев: Во Македонија стана традиција да нема криминалец кој нема слика со Заев, Спасовски или некој друг од државниот врв

Нацев: Во Македонија стана традиција да нема криминалец кој нема слика со Заев, Спасовски или некој друг од државниот врв

Александар Нацев во своето гостување во емисијата „Неделен брифинг“ зборуваше за акцијата во Грчец каде четири наркобосови се во бегство и посочи дека ова претставува една некоординираност и лоши постапки од лицата кои се одговорни за безбедноста во нашата држава. Нацев во своето гостување во врска со овој случај каде државниот врв има слики со наркобосовите од Грцев потенцираше дека во Македонија стана традиција да нема криминалец кој нема слика со Заев или Спасовски или со некој друг од високиот врв.

-Во официјалното објаснување на претседателот беше дека сликата била од стоење додека тој поминувал и овие случајно се сликале со него. Се сеќавате уште една таква епизода имавме кога Никола Димитров го сликаше Заев со Трамп, сликање кое траеше една секунда и тоа било од стоење, така и ова од стоење. Меѓутоа овие од стоење слики многу популарни, но гледавме дека не се само од стоење дека има и од седење, гледавме инспектори. Знаеме за нападот кој беше во Александар Палас дека еден од инволвираните исто така беше припадник на МВР, нешто кое постојано се повторува не може да биде случајност, неколку работи кога ќе се случат во континуитет престануваат да бидат случајност, туку укажуваат на тоа дека позади таа случајност нема случајност туку дека тоа е нешто што подолго време трае и еве ние веќе можеме да имаме еден краток увид во тоа. Тоа кај нас во политиката стана традиција да нема криминалец кој нема слика или со Зоран Заев или со Оливер Спасовски или со некој друг од високиот стаблишмент. Еве оправдувањето на претседателот не знам колку јавноста го прифати дека немало никакви задни намери, а од друга страна слушнавме препукувања од Обвинтелството за организиран криминал дека акцијата била пробиена дека главните осомничени се во бегство, па денеска излезе дека биле потпишни меѓународни потерници. Ова е една рашумијада од некоординираност и од лоши постапки од лицата кои се одговорни за нашата безбедност во државата, рече Нацев во своето гостување.

Понатаму тој во своето гостување говореше и за средбата на Заев со кинескиот министер за одбрана и посочи дека човекот кој пред една година кажуваше дека нема шанси да набави вакцини од Кина и Русија затоа што Македонија е членка на НАТО доаѓа до ситуација да дава изјави дека интервенирал да кинеските вакцини стасат порано.

-На ваквите средби не треба да им се оддава толку големо геополитичко значање бидејќи во оваа ситуација ние видовме дека последнава година откако почна пандемијата голем дел од митовите за меѓународната соработка се срушија. Ние мораме да сфатиме една работа, тоа е дека секоја држава инстинктот на преживување се состои во самоодржливоста. Една држава додека не си ја осигури сопствената безбедност, својот опстанок, здравјето, состојбата на своите граѓани никогаш нема да направи чекор настрана и да му помогне и на најблискиот сојузник. Ние тоа го видовме на неколку наврати. Еве сега го гледаме со вакцините и видовме дека од почетокот на кризата таа соработка која се промовираше во меѓународните организации не е баш таква каква што сакаат да ни ја прикажат, дека секој си го гледаше својот сопствен интерес, секој си гледаше за себе индивидуално, потоа гледаше колективно. Така и средбата на Заев. Сега тука кај нас ситуацијата е таква да човекот кој пред една година кажуваше дека нема шанси да набавува вакцини од Кина и Русија дури и да остварува контакт со нив бидејќи ние сме во НАТО припаѓаме на западниот свет сега доаѓа во ситуација да дава изјава дека денеска интервенирала кинеските вакцини побрзо да стигнат. Тоа се тонови кои не би требало да дојда од почетник од политичката сцена, а камоли од премир на држава, кажа Нацев.

Најнови вести