четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Нацев: Војска без војници!

Нацев: Војска без војници!

Деструктивната политика на Шеќеринска резултираше со газење на угледот на Армијата, понижување на воениот персонал и губење на атрактивноста на една од најпосакуваните професии во минатото, пишува на својот Фејсбук профил универзитетскиот професор Александар Нацев.

-На последниот конкурс за професионални војници од потребни 125 кандидати за прв пат се пријавиле помал број од потребните кандидати. Нема поголем показател од лошата политика која се води во Министерството за одбрана од ваквата ситуација. Имено, на конкурсот се пријавиле 124 кандидати, од кои 9 биле веднаш елиминирани заради тоа што не ги исполнувале општите услови (години, непотполна документација и сл.), што значи дека останале 115 кандидати за 125 работни места. Со цел оваа бројка да не доживее нов пад, намерно се спуштани критериумите за физичките проверки за кандидатите, за да може поголем број кандидати да ги поминат проверките за физичка подготвеност. Но, по завршувањето на следната инстанца проверки, односно здравствените проверки, бројката на способни кандидати дополнително се намалува, и изнесува некаде помеѓу 85 до 90 кандидати, што значи дека нема да се изврши пополнување на единиците според предвидената динамика, што пак од своја страна значи директно намалување на борбената готовност на Армијата на Република Македонија, открива професорот НАцев.

Ова е вистината за состојбите во Армијата, а не лажните прес конференции и замајувања на јавноста со непостоечки мерки и пред изборни калкулации, вели во својата објава Нацев.

Најнови вести