петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нацев за германските експерти во изгорената Ковид болница: Не ме изненадува недовербата на граѓаните во нашиот систем, затоа што сме биле сведоци како истраги се политизираат

Нацев за германските експерти во изгорената Ковид болница: Не ме изненадува недовербата на граѓаните во нашиот систем, затоа што сме биле сведоци како истраги се политизираат

Не ме изненадува таа наша недоверба во нашите органи, во нашиот систем, во нашите истражители, во нашите министерства, бидејќи многу често сме сведоци како знаат да се политизираат одрдени истраги, истакна универзитетскиот професор Александар Нацев во однос на тоа што во истрагата за утврдување на причините за пожарот во тетовската Ковид болница каде што трагично, животот го загуле 14 лица.

Тој во вечерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на телевизија Тв21, појасни дека ова не е прв пат во истраги за одредени несреќи или трагедии во Македонија да се вклучени странски експерти, но ние како држава мораме да имаме сопствени капацитети при што странските тимови би асистирале и би набљудувале, а не целосните истраги да вршат тие.

-Знаевме дека ова не ни прв случај, хеликоптерски несреќи ни испитуваа, еден тим па втор тим на странци, ама сепак мислам дека ние како држава, мораме да имаме наши сопствени капацитети и доколку има истраживачки тимово од странство, единствено да треба да асистираат, да набљудуваат, но не и да вршат истраги и тие да го имаат главниот збор и да ги даваат заклучоците, истакна Нацев.

Бидејќи, додаде тој, на тој начин ние покажуваме дека нашиот систем не е добар, дека нашите институции едноставно немаат доверба кај граѓаните и дека успеваме политиката да ја внесеме во се, па дури и во вакви трагедии.

-И ако ние е потребно да дојдат гермаски истражувачи или било од каде за да ни дадат легитимитет и кредибилитет на истражувачките процеси, тогаш нешто со нашиот систем не е во ред, констатираше професорот Нацев.

Тој додаде дека во итсрагата за пожарот во тетовката модуларна болница, меѓу другото, треба да се испита и целокупната тендерска документација, како и тоа кој е материјаот од кој се правени болниците и дали истиот соодвејствува за таква намена и така натаму.

Најнови вести