Началникот на Генералштабот на АРМ генерал мајор Васко Ѓурчиновски денеска пред претседателот и врховен командант на Армијата, Ѓорге Иванов и во присуство на министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе реферира за состојбата со борбената готовност на АРМ во текот на годината.
На брифингот ќе бидат презентираат состојбите во АРМ за функционалните области како што се персонален менаџмент, морал, операции, обука и вежби, логистичко обезбедување, планирање, врски и комуникации, буџетирање и цивилно-воената соработка.