четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Националниот парк Шар Планина ги доби првите вработувања покрај директорот

Националниот парк Шар Планина ги доби првите вработувања покрај директорот

Двајца шумарски инженери се првите вработени покрај директорот кои ќе почнат да работат во Националниот парк Шар Планина. Директорот Ибрахим Дехари информираше дека вчера и денес се завршени процедурите за овие две вработувања, а до крајот на 2022 година ќе треба да се завршат постапките и уште неколку луѓе со цел нормално функционирање на установата Јавно претпријатие Национален парк Шар Планина.

-Од Министерство за финансии одобрени се десет вработувања, покрај овие двајца инженери кои се и раководители на одделение, ќе почнат со работа правник, архивар, вработен за ИТ служба како и четворица ренџери. Колку за почеток тоа е одобрено за 2022 година. За 2023 година очекуваме уште десет други редовно вработени и други и пет со определно време или на договор, тие би биле ренџери. Со тоа би имале 25-30 луѓе со кои ќе бидат исполнети тие елементарни потреби за кадар со цел да може нормално да се функционира, информираше Дехари.

Вработувањето на шумарските инженери ќе реши проблем за мештаните во шарпланиснките села за што МИА веќе информираше. За жителите немаше кој да потпише одобрение за да можат да сечат дрвна маса што се користи за затоплување.  

-Сега веќе функционираме како што треба. Граѓаните почнаа да се обраќаа од вчера кај нас за своите приватни имоти со барањето за да се добие дозвола за сеча на дрва маса за која такса се плаќа од 280 денари по метар кубен, како и дозвола за транспорт на дрвата, информираше Дехари.

ЈУНП Шар Планина свои простории има во објектот на поранешната жичарница во Тетово.

Најнови вести