Нацрт-амандманите на Усатвот се веќе пристигнати во Собранието и се проверуваат од собраниските служби. Пленарната седница на која ќе бидат разгледани претседателот на Собранието, Талат Џафери ја закажа за 1 декември додека седницата на Комисијата за уставни прашања својата работа ќе ја започне на 7 ноември.
Од кабинетот на претседателот на Собранието за МИА соопштија дека по проверката, нацрт текстот на уставните амандмани ќе биде испратен до сите пратеници.
Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференцијата ги соопшти главните детали поврзани со нацрт уставните амандмани.
Ова е втора фаза од процесот за промена на Уставот согласно Договорот од Преспа и треба да заврши со гласање на Парламентот за што е потребен 61 глас.