Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири изјави дека на мејл адресите на кои може да се пријавува насилство во училиштата, досега се стигнати повеќе од 20 пораки.
-Бројот на пријавите достигна повеќе од 20. Ова значи дека имаме повеќе од 20 различни мејлови. Имаше и добри искуства, препораки од различните страни кои ги имаат решено проблемите. Кога зборуваме за насилство, имаме и позитивни ситуации. Да ги искористиме и добрите и лошите искуства, рече Шаќири во одговор на прашање пред почетокот на денешната дебата „Насилство кај децата“.
Прашан дали до сега имало поплаки во однос на училишта кои не реагирале во случај на булинг, Шаќири потврди дека имало и такви случаи.