Над 40.000 деца нема каде да ја следат наставата, а од Владата велат дека оваа година нема да се превземат мерки во оваа насока, Државниот завод за статистика нарачува 5.650 лаптоп компјутери во вредност од 3,2 милиони евра.
Министерката за образование и наука во нејзиното гостување во „Емисија 200“ на телевизија Алсат-М, на прашањето дали ќе се направат напори за да се обезбедат уреди за оние 40.000 ученици кои немаат компјутери и не се во можност за следат онлајн настава, одговори дека толкава бројка на уреди за толку кратко време не може да се набави.
„ИТ уредот, ако не е тоа телефон, не може да се набави во толкава бројка за толку краток период“, истакна Царовска.
Но со последната набавка на Државниот завод за статистика од 5.650 лаптопи и тоа по цена од околу 570 евра еден, се покажа дека не само што можело да се обезбедат, туку и многу повеќе. Според ова може да се заклучи дека децата не се приоритет на Владата. Доколку се подели вкупната сума наменета со бројот на лаптопи кои треба да се набават може да се увиди дека само еден ваков лаптоп би чинел 570 евра, сума со која можат да се набават седум таблети од по 80 евра за деца кои немаат можност да ја следат наставата, бидејќи нивните родители немаат финансиски средства истите да им ги обезбедат.