понеделник, 15. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Над 40 проценти од македонските граѓани очекуваат да бидат заразени од коронавирус- се плашат и од економска криза

Над 40 проценти од македонските граѓани очекуваат да бидат заразени од коронавирус- се плашат и од економска криза

Над 40 проценти од граѓаните очекуваат да бидат заразени со коронавирусот, покажува најновото истражување на јавното мислење што го спроведе Институтот за политички истражувања за емисијата „Детектор“.

Истражувањето покажува дека 24,1 процент од анкетираните граѓани мислат дека веројатно нема да се заразат, а 21 процент дека можеби ќе се заразат, а 12,1 процент се сигурни дека нема да се заразат.

Поголем процент или 37,9 отсто сметаат дека во следните неколку недели состојбата со коронавирусот ќе се влоши, а 31,6 проценти очекуваат подобрување.

Најголем дел од граѓаните или 38,8 проценти најмногу се плашат од економската криза кој ја
предизвикува вирусот, а 15,3 отсто се најзагрижени за евентуален колапс на здравствениот систем, 10,7 проценти поради можен недостаток на храна, лекови и други стоки, додека 5,6 проценти да не го изгубат своето работно место.

Најголемиот дел од граѓаните или 28,7 проценти сметаат дека корона вирусот ќе престане да се шири за еден до три месеци. Поголеми оптимисти се 25,1% од анкетираните кои велат дека вирусот ќе престане за се шири за една недела до месец дена. 12,2 проценти очекуваат крај на кризата во период меѓу три и шест месеци…

Анкетата беше спроведена телефонски врз репрезентативен примерок од 1.116 испитаници во периодот од 18 до 21 март со маргина на грешка од плус-минус 3 проценти.

Најнови вести