сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Над 50 сантиметри снег на планините

Над 50 сантиметри снег на планините

Во попладневните часови во Македонија ќе има пообилни снежни врнежите, особено во западните делови, каде се очекува да се формира нова снежната покривка и над 50 сантиметри.

– Насекаде ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 30 сантиметри, а на планините во западните делови од Републиката и над 50 сантиметри. Заради ниските температури ќе има појава на голомразица. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во западна и северна Македонија и утре ќе има врнежи од снег. Снежната покривка во овие делови дополнително ќе се зголеми за 10 до 20 сантиметри. Од петок до недела времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури и со услови за магла по котлините, велат од УХМР.

МИА

Најнови вести