Над 900 коментари на Фејсбук статусот на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов и сите негативни!
-Мицкоски оди во теретана во пик на пандемија, ДПМНЕ го бранат дека ништо лошо не правел.
Колеги од СДСМ и коалицијата доаѓаат во скафандари согласно сите протоколи, затоа што криминалната ВМРО-ДПМНЕ прави се за да граѓаните и компаниите не добијат поддршка, тоа сега било кривично дело.
Поголем доказ за нечовечност, народот никогаш нема видено, напиша Костадинов, а веднаш потоа следеа низа на негативни кометари.
Вкупно има 909 коментари и сите се со критика за Костадинов. Ова се само дел од нив.