Во денешната емисија на ТВ Сител „Детектор “ беа објавени анкети кои го мерат мислењето на граѓаните за сите сфери на општественото живеење како економија, владеење на правото, корупција, здравство, образование, животна средина и т.н.
Имено во емисијата на прашањето „Какво е вашето мислење за состојбата во здравството во Македонија“, над половина граѓани одговорија дека истото назадува или во проценти тоа се 55, 3 проценти.
20 проценти велат дека исто како претходно е, додека 17,5 проценти од граѓаните одговориле дека здравството напредува.