Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство подготвува измени на Законот за заштита и благосостојба на животните, пренесе Академик.
Цел на предлог законот, образложуваат од министерството, е воспоставување на систем за контрола на неконтролираното размножување на кучињата преку регистрација на одгледувачници за кучиња и евидентирање на истите.
-Се забранува неконтролирано размножување на домашните миленици, продажба и давање на подарок на домашни миленици на малолетници, се забранува држење на кучиња и мачки во продавниците за домашни миленици. Исто така се доуредуваат казнените одредби каде освен одземање на животните кои се држат за фармски цели се воведува нова прекршочна мерка, објави порталот.