Професорката Мирјана Најчевска преку својот Фејсбук профил изреагира на изјавата на заменик министерот за животна средина Јани Макрадули кој изјави дека вчерашните огнови се причина за големото загадување во градот.
„Ма не ме зезај.
Тоа што еднаш годишно ќе се запалат огнови на отворено за да се чествува стариот пагански обичај на поздрав на сонцето е доказ од каде доаѓа загадувањето.
Дај бре не не потценувај.
Не загадува Цементара ни Железара ни стотина мали фабрикчиња без филтри ни 1000 каменоломи ни Отворените градежни објекти ни отворените депонии кои горат ни запалените контејнери ни старите автобуси и камиони и автомобили ни електраните на јаглен ни градежната мафија која ги исече сите дрвја. Не. Бадниковите огни ти се научен доказ за изворот на загадување.
Дај бре гони се.
Навистина заслужуваме на чело на ова министерство да застане човек кој има појма од заштитата на животната средина и заслужуваме да почне да се користи науката во креирањето на политиките, а не кафанските муабети“, стои во објавата на Фејсбук.