четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најчевска поднесе оставка од Советот за реформа во правосудството: Немам намера да служам за залажување на граѓаните

Најчевска поднесе оставка од Советот за реформа во правосудството: Немам намера да служам за залажување на граѓаните

Професорката Мирјана Најчевска објави дека се повлекува од Советот за реформи во правосудството.

Најчевска испратила писмо до министерот за правда и членовите на Советот за реформа на правосудниот сектор со кое поднесува оставка на функцијата во ова тело.

-Изминатиот период јасно покажа дека ова тело е формирано само како параван за решенија кои се носат на друго место и служи за создавање лажна слика дека некаков експертски тим има влијание врз реформските процеси во правосудството. Фактички ова тело нема достап до никакви информации, нема удел во ниту едно реформско решение и не учествува во анализите на законите кои се менуваат. Јас како независен експерт и како универзитетски професор немам намера да служам за залажување на граѓаните и не дозволувам моето име да биде искористено во политичките промени кои се нарекуваат правни, напиша таа на Фејсбук.

Таа додаде и дека не ги видела законските текстови кои се влезени во собраниска процедура.

Најнови вести