сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најчевска: Треба да се прочисти Јавното обвинителство и да се направи што е можно понезависно

Најчевска: Треба да се прочисти Јавното обвинителство и да се направи што е можно понезависно

Мирјана Најчевска во вчерашната емисија „Само вистина“ изјави дека Јавното обвинителство треба да стане се понезависно, а СЈО има одреден рок на траење, кој треба да му заврши и да се самораспушти.

Најчевска рече дека доколку продолжиме вака со правење на паралелни структури ќе го изгубиме моментумот на вистинско градење на правната држава преку зацврстување на институциите кои што веќе ги имаме. Значи треба да се прочисти Јавното обвинителство, дефинитивно. Треба да се направи што е можно понезависно и треба да се направи моќно. Значи Јавно обвинителство кое што ќе може да се избори со криминалот посебно со криминалот и неказнивоста на високи функционери во власта, истакна Најчевска

 

Најнови вести