Професорката Мирјана Најчевска по денешиот физички напад во затворот во Шутка, каде повредени беа поранешните министри Јанакиески и Ристовски, порачува дека мора да се поднесат оставки.
„За вакво нешто се прави сериозна истрага. И директорот на затворот поднесува веднаш оставка, како и директорот на Управата за извршување на санкции.
После ова се размислува и за оставка на министерот за правда.
Тоа се вика одговорност, се друго е поддршка на неправото.
Срамно и жално и недозволиво.
Како и за Мијалков и во овој случај велам дека мора да се издвојат овие луѓе и да се преземат посебни заштитни мерки“-напиша таа.