четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најчевска жестоко до пратениците што гласаа за Филипче, новиот министер на Заев: Срам да ви е, не ве избравме за ова, од мене нема да бидете избрани пак

Во својот најнов Фејсбук статус провладината активистката од СДСМ Мирјана Најчевска жестоко удри по пратениците што гласаа за новиот министер за здравство Филипче.
Најчевска жестоко до пратениците што гласаа за Филипче, новиот министер на Заев: Срам да ви е, не ве избравме за ова, од мене нема да бидете избрани пак

-Срам да ви е. И тебе Ирена и мој Павле и Маја и на сите што тврдите дека мислите со свои глави.
Немој утре да слушнам дека не сте знаеле, дека ви биле врзани рацете, дека сте имале семејства за ранење или нешто слично.
Не ве избравме за ова. Да знаете.
И за мене, изгубивте шанса да бидете избрани пак. Барем не од мене, пишува во својот најнов пост Најчевска.

Во овој нејзин пост најверојатно таа мисли на пратениците Ирена Стефоска, активистот на Шарената револуција Павле Богоев, како и Маја Морачанин од ДОМ на кои јавно им порача да се срамат од донесената одлука за избор на нов министер за здравство.

Инаку Најчевска преку својот Фејсбук повикуваше на гласање против новиот министер Филипче уште пред неколку дена кога во својата објава на ФБ напиша дека заслужуваат подобро, а со Филипче им се нуди истото.

-Од моите мислечки другари во Парламентот очекувам да гласаат против Филипче за министер за здравство.
Од принцип.
Затоа што се отепавме викајки ЗАСЛУЖУВАМЕ ПОДОБРО, а сега ни се нуди исто, стои во статусот на Најчевска.

Инаку мегафонот на СДСМ Најчевска јавно го критикуваше и министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски кој дозволил распродавање на државно земјиште за 70 денари.

-Ова е распродавање на земјата, знаете нели?
Дали не прашаа нас граѓаните за дозвола да ја распродаваат за евтини пари нашата сопственост?
Врз основа на кои анализи, процени, визии, планови? Врз основа на кои јавни дебати, расправи собрани мислења?
Колку да прашам, стои во постот на Најчевска.

Дали е ова средба на Шекеринска, Филипче и директорката на хематологија Ирина Ставридис Пановска и дали темата се тендерите во здравството?

На социјалните мрежи се појавија фотографии за кои граѓаните се прашуваат дали на нив се новиот министер за здравство Венко Филипче, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и директорката на хематологија Ирина Ставридис-Пановска.

Се поставува и прашањето што била темата на разговорот? Дали можеби тема на разговорот била поделбата на тендерите во здравството?

Инаку, МКД.мк пишува дека овој потег на Владата предизвика лавина од негативни реакции. Не поради неговата стручност и квалификации, туку поради неговата претходна активност и семејни врски кои отвораат сериозни дилеми за можен конфликт на интереси. Се објавија бројни информации кои навистина покажуваат една поинаква заднина на ова најново кадровско решение на Заев.  МКД во текстот продолжува дека Филипче во периодот додека на власт беше ВМРО-ДПМНЕ беше член и на Професорскиот контра пленум. Прашан денес зошто тоа го сторил, Филипче изјави дека бил доведен во забуна од негов специјализант кој му кажал дека потпишува иницијатива за реформи на Медицинскиот факултет. Филипче беше учесник и на лекарските контра протести кои беа организирани од ВМРО-ДПМНЕ, како контра мерка на лекарите кои ги бараа своите права.

Освен овие негови активности, по социјалните мрежи се објавија неколку податоци за негови блиски луѓе на функции. Ако тоа се оствари, ако Филипче стане министер за здравство, тоа ќе го отвори прашањето за сериозен конфликт на интереси со неколку негови најблиски луѓе.

Веќе пишувавме за фотографијата на која според многу се Шеќеринска, Филипче и девојката на новиот министер Ирина Ставридис Пановски, која е директорка на хематологија. Сега се поставува прашањето дали компанијата „Пановски“ ќе добие уште повеќе тендери, ако се знае дека таа со години е еден од најсериозните снабдувачи со лекови во македонското здравство, а особено на државните клиники со цитостатици.

Инаку се отвора и прашањето дали здравството ќе стане семејно- пријателска фирма, ако се знае на раководна позиција на Клиниката за онкологија е Снежана Смичковска, сопругата на Златко Пановски, сопственикот на веледрогеријата „Пановски“. Советник на директорот на Фондот за здравство сега е Марија Гулева, блиска пријателка на Ирена Пановска и порано вработена во „Пановски“.

Јоци за министерот на Заев: Братучед ми покоен го бркаше со месеци по ходници, криењата значат дека бара нешто, туморот порасна 3 пати повеќе, Филипчe не смее да биде министер

(ФБ статус на Јорданка Ивановска- Јоци)

Ако добро се сеќавам, а богами да, братучед ми покоен, го бркаше типов со месеци по ходници за втора операција, за тоа време туморот порасна три пати повеќе и на крај беше принуден да плати во приватна клиника.

ВЕЛАМ ДЕЦИДНО- НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ МИНИСТЕР !!

Какви се овие кадровски грујови решенија, бил член на професорски контрапленум, сега уште одозгора советник, па и можен министер !?!

Дали сте нормални ?

Во коментар под постот на Јоци се вели:

-Така беше Јорде..не само за втората, туку и за третата операција…на крајот, татко ми повторно опериран од друг доктор во друга болница…знаеш и самата дека и мајка ми заминуваше од овој свет заедно со татко ми од истава болест, истиот период…си починаа…јас и сестра ми си ги испративме…Ние повеќе не сме исти..кога го прочитав ова што си пишала, сета горчина, гадење и лутина ми се вратија наеднаш…се сетив на 4 години константна борба, грижа, неверување, ти гаснат луѓето што живот ти дале, губат разум, паѓаат коси – растат коси, ги начекуваш во плач, ги гушкаш – тоа трошки се направиле под твоите раце…ден по ден се’ така до самиот крај…јас и мојата сестра тоа го живеевме, а мамлазов сигурно кариера градел бегајќи по ходници.

Јоци жестоко до Заев, Милчин лајкува: Прекардашивте, кланот на Рада се инсталира ем во здравство, ем во култура, кој ја постави женската на Венко Филипче во ФЗО?

ФБ статус на Јорданка Ивановска- Јоци)

Можеби е време, медиумите, да ја објават целата шема на инсталирање на кадри од фармација тајкуни.

Женската на Венко Филипче, каде е поставена и кој ја постави ?
Во Фонд за здравство. А, зошто е баш таму ?

Ако Заев сериозно мисли дека овој тип ќе му помине како предлог, нека биде подготвен, година дена, да чита дневно на десет портали афери, ради кланот кој Рада (онаа со 2 отсто рејтинг) му го инсталира ем во здравство, ем во култура.

Прекардашивте.

Ѓорѓиев од Шарена револуција за личното искуство со новиот министер на Заев: Филипче е ПАРОЉУБЕЦ и класичен материјалист, а не доктор

Благојчо Ѓорѓиев од Кочани, на јавноста познат како учесник во Шарената револуција, кој поради сообраќајна несреќа останал во инвалидска количка испрати текст до „Поглед.мк“, пренесувајќи свое лично искуство со идниот министер за здравство Венко Филипче- предлог на премиерот Зоран Заев.

Во писмото, Ѓорѓиев го обвинува Венко Филипче дека не доктор, туку парољубец и класичен материјалист, поради кој тој лично е 4 години во судските лавиринти.

-Бидејќи гледам дека се алудира да биде Министер за здравство ВЕНКО ФИЛИПЧЕ еве едно мое лично искуство стекнато лично од него каков човек е. Венко е ПАРОЉУБЕЦ и класичен МАТЕРИЈАЛИСТ, а не е доктор.

Од осигурителните компании што водам судски спор со нив бидејки останав инвалид во сообраќајна несреќа ме пратија кај Венко на вештачење и замислете, докторчето напиша во неговиот извештај дека не е сигурен дали инвалидноста ми е здобиена од сообраќајната незгода, а јас после сообраќајката лежев 72 дена во болница и во прилог му е доставена еден ТОН документација пропратена со КОНЗИЛИЈАРНИ МИСЛЕЊА од доктори СПЕЦИЈАЛИСТИ кои ТВРДАТ дека инвалидитет ми е како последица на СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА…

Еве едно од “ХУМАНИТЕ” дела на Венко Филипче, сега сум во ДИЛЕМА дали Венко е неписмен или лапнал пари за да го напише тој извештај?! Инаку, поради неговиот извештај СУДОТ НАЛОЖИ да морам да одам НА ВЕШТАЧЕЊЕ во институт на СУДСКА МЕДИЦИНА каде што се ДОКАЖА ДЕКА ИНВАЛИДИТЕТОТ МИ Е ОД СООБРАЌАЈКАТА!!!

Благодарение на извештајот на Венко Филипче јас сум во судски лавиринти веќе 4 години!, пишува Ѓорѓиев.

Покрај овој текст испратен до „Поглед.мк“, Ѓорѓиев напиша и Фејсбук статус за Филипче.

Инаку, Ѓорѓиев и е познат на јавноста по неговото учество на протестите на „Шарената револуција“ заедно со екс претседателот на Достоинство Стојанче Ангелов, како и човек кој беше кандидиран за пратеник од редовите на коалицијата “ВМРО за Македонија“ составена од ВМРО НП, Обединети за Македонија и Достоинство.

Здравството во агонија, а Заев тера политика и коалиции: Пациентите умираат, нема лекови и инсулин, хаос на секаде, а кадрите на СДСМ се свртеа кон корупција и тендери

Додека македонското здравство е во агонија, Зоран Заев си прави калкулации и тера политика со коалиционите партнери.

Иако на неколку наврати беше ветувано дека ќе има нов министер за здравство, ветувањето не беше исполнето и претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев го остава здравството и пациентите во агонија.

Најпрво Зоран Заев вети дека нов министер ќе се постави после изборите, потоа се премисли и нов министер за здравство требаше да добиеме после први декември за на крај претседателот на Владата повторно да се премисли и во својата вчерашна изјава најави дека за нов министер на здравство ќе се одлучи веднаш по вракањето од Приштина.

Додека претседателот на Владата на Република Македонија каклулира со своите коалициони партнери пациентите во Македонските болници се оставени на милост и немилост и мора сами на црниот пазар да ги набавуваат своите лекови.

Неколку портали објавија информација дека нов министер за здравство нема да се назначи додека Зијадин Села не се врати од САД, а за тоа време поради бирократски причини во Македонија нема инсулин и нема лекови за луѓето со ретки болести. До кога пациентите ќе мора да го трпат овој луксуз оставаме да видиме?

Предходниот министер во владата на Зоран Заев зад себе остави една црна слика за македонското здравство, бидејќи во негово време на клиниката за гинекологија починаа десетина дечиња и за тоа не сноси никаква одговорност.

На својот фејсбук профил новинарот Сречко Поповски сподели фотографија од клиниката за кардиологија на која се гледа огромна гужва и редици на луѓе кои чекаат пред шалтерите. Изгледа дека причината за оваа гужва е надградениот и поефикасен „мој термин“.

Кога министерството за здравство ќе добие нов министер и кога пациентите ќе ги добијат своите лекови и ќе се запре оваа агонија останува на одлуките на Владата на Република Македонија, предводена од Зоран Заев.

Најнови вести