Планинарските клубови Јелак и Тетекс денеска по јубилеен 15-ти пат го организираа традиционално летно искачување на Титов врв, највисоката точка на Шар Планина. Меѓу 50-тината учесници на ова искачување беше и најмладиот седумгодишен Максим Стрезоски.
Тој за прв пат го искачи највисокиот шарпланински врв, но иако е на седум години има планинарско искуство со неговите родители.
-Ние планинараме и пешачиме често. Претходно бевме на искачување до месноста Лешница и тогаш праша што е следно. Ни беше предизвик и успеавме заедно. За нагоре на неколку места одмаравме и на секое прашуваше кога е следната пауза. Но, најсилна инспирација доби кој ја виде кулата, му дојде сила да ја види близу, да влезе внатре. Кога стигна на Титов врв беше пресреќен и праша дали може да се живее во кулата. Изеде сè што имав земено за јадење, вели неговата мајка Соња, која членува во ПК Тетекс.
Меѓу 50-тина учесници покрај најмладиот, како највозрасeн беше 75 годишниот д-р Реџеп.
Патеката од Попова Шапка до Титов врв е со должина од околу 12 километри. (МИА)