Изминатите 24 часа во Пожаране наврнале 10 литри дожд на метар квадратен, во Дебар девет, во Тетово и во Охрид по осум, четири во Прилеп, три во Претор….Изутринава во седум часот во Берово се измерени – 2 степени Целзиусови, а на останатите места во државата температурата е над 0, односно 1 во Лазарополе, 2 Маврово, 3 Штип, Демир Капија, Пожаране, 4 Ѓуриште, Скопје Петровец, 5 Прилеп, 6 Гевгелија, Струмица, Скопје Зајчев Рид, Охрид и Претор, а 7 Битола.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, магла утринава има во Струмичко. Ветерот е југоисточен и засилен на Ѓуриште.
Времето денеска ќе биде облачно со пообилни и на места поројни врнежи од дожд (над 20 л/м2), а на повисоките планини од снег. Од вечерните часови понекаде во планинските региони ќе има услови за појава на замрзнат дожд. Ќе дува и умерен до засилен југоисточен ветер најизразен долж Повардарието и во источните делови. Максималната температура ќе достигне од 7 до 15 степени.
Во Скопје облачно со повремен дожд и со умерен до засилен југоисточен ветер. Температурата ќе достигне 10 степени.