среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најнеморалната влада во историјата на Македонија – Никој за ништо не е крив, ниту Филипче за 7000 мртви, ниту Заев, ниту Спасовски за најголемата трагедија на Балканот!

Најнеморалната влада во историјата на Македонија – Никој за ништо не е крив, ниту Филипче за 7000 мртви, ниту Заев, ниту Спасовски за најголемата трагедија на Балканот!

Од почетокот на коронавирус пандемијата во Македонија починаа повеќе од 7000 луѓе, пред два месеци изгоре модуларната болница во Тетово во која живи изгореа 14 граѓани, а сега ни се случува една од најголемите трагични несреќи на Балканот и во Европа во последниве години, за кои трагични настани никој во земјава нема абер од никаква морална одговорност, ниту пак надлежна одговорност.

Најмалку што се чувствува виновен и морално одговорен веројатно е министерот за здравство Венко Филипче, кој по трагедијата во Тетово требаше да си даде оставка, но Филипче даде „лажна оставка“ како што ја квалификуваше јавноста, затоа што истата Зоран Заев не му ја прифати.

Се чини дека истиот шаблон продолжува сега со Зоран Заев, кој најави оставка по историскиот пораз на локалните избори, која оставка не му беше прифатена од СДСМ „дури не се стабилизира состојбата во земјава“, која сега по најавите ќе треба да се ефектуира утре на седница на Извршниот одбор на СДСМ. Но, по толку „дадени“ оставки низ годините дури ни граѓаните веруваат дека Заев ќе си оди од политиката туку така.

За трагедијата во Бугарија во која починаа 45 луѓе постои огромна мешаница низ лавиринтите на системот и судирот на надлежности низ институциите и одговорните лица, па истите се правдаат по телевизиите и низ соопштенијата, како оние на Оливер Спасовски кој како министер за внатрешни вели дека МВР правело се што може да помогне во истрагата и толку, како што немаше оставки за рекетот, за пасошите, за криминалот, за перцепцијата рекордна за ниво на корупција, за ништо се чини дека не е виновен Спасовски исто како Заев и Филипче, а најмалку за ваква трагедија.

Во ситуација кога очите на Европа се вперени во нас и соседната Бугарија за тоа како ќе се справиме со целосната ситуација, веројатно е чудно за некои луѓе и држави како е можно до сега ниту еден функционер после ваква трагедија да не си поднесе морална одговорност, на пример посочуваниот министер за транспорт Благој Бочварски кој побрза да и ја одземе лиценцата на фирмата превозник, а до сега не е јасно што министеруваше и зошто не се поведоа вакви постапки на време.

Јавноста бара многу одговори, но јасно е како бел ден дека ова е најнеморалната влада во историјата на Македонија, буквално за ништо не се криви, ниту пак морално се чувствуваат виновни, а системски проблеми има насекаде, и за таквите пропусти криминали и корупција , како и неспособност во институционалното работење на функционерите од власта умираат недолжни луѓе.

Да бевме некоја друга земја каде политичарите имаат морален код за одговорност досега ќе беше сменета цела влада, но кога сме во Македонија во која се е можно ќе умираат луѓе заради пропустите на еден цел систем и никој нема да сноси одговорност.

Најнови вести