ЕВН Македонија ја почна имплементацијата на најновиот проект за заштита на птиците од струен удар во регионот на Овче Поле. Екипите на ЕВН Електродистрибуција ќе постават изолатори за заштита на птиците од струен удар. Проектот се реализира заедно со граѓанската организација „АКВИЛА“ која ги донира изолаторите, а ЕВН ја обезбедува целосната логистика за нивно поставување.
Проектот има за цел намалување на смртноста на птиците во овој регион. Заштитата на загрозениот вид на „Царски орел“ кој во последно време покажува загрижувачки висок степен на морталитет, е главната причина за поддржување на оваа иницијатива. На 100 среднонапонски далекуводни столбови ќе бидат поставени заштитите, а според планот и динамиката на реализација, проектот ќе се спроведе во неколку фази и ќе се комплетира во месец мај и јуни.
ЕВН Македонија посветено работи на проекти кои ги подобруваат условите за живот на граѓаните и заштитата на животната средина.