По вчерашниот вооружен грабеж што се случи во 10.36 минути во експозитурата на НЛБ Банка во Чаир, би сакале да ве информираме дека клиентите и вработените на Банката се безбедни и во добра состојба, велат од НЛБ Банка АД Скопје.
-Двајцата вработени во експозитурата кои беа полесно повредени се пуштени на домашно лекување. Дополнително работникот на обезбедување кој, исто така, беше повреден при грабежот по укажаната лекарска помош е добро и е пуштен на домашно лекување. Експозитурата во Чаир не работи во моментот и ќе продолжи тековно да ги опслужува клиентите од 17.4.2019 година, стои во нивното соопштение и се додава:
„Со истрагата е утврдено дека при грабежот се одземени 150.000 евра. Банката продолжува да работи редовно и да соработува со надлежните органи за најбрзо и ефикасно решавање на случајот“.